„Што мислите кому вистински му пречи национално единство и обединување на партиите околу главната цел Македонија да биде силна и средена држава. Кому му смета, па креваат глава против тоа единство? Тоа се криминалците од ДУИ, кои ги фаќа паника и страв, па побрзаа да стиснат на копчетот кое го поседуваат, а се вика Димитар Ковачевски и Стево Пендаровски“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ
Пред два дена повикав на македонско национално единство. Доколку не повикав на национално обединување, би го погазил супстратот и идеологијата на мојата партија, зашто ВМРО е и Демократска партија за македонско национално единство.
Ова денеска од Делчево го порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во изборната единица 1, Христијан Мицкоски, посочувајќи дека пред руините и хаосот кои, како што рече, ги прави оваа власт, треба да кажеме дека има надеж и иднина во оваа земја.

„На овој мој повик, побрза и панично и нервозно се јави Димитар Ковачевски кој вели дека ни биле лоши работите, сме се плашеле и затоа сум повикал на единство. Не знаев досега дека страв е да се повика на македонско национално единство, затоа што сметам дека, пред се, тоа е моја патриотска должност. Па, еве јавно да одговорам. Што мислите кому вистински му пречи национално единство и обединување на партиите околу главната цел Македонија да биде силна и средена држава. Кому му смета, па креваат глава против тоа единство? Тоа се криминалците од ДУИ, кои ги фаќа паника и страв, па побрзаа да стиснат на копчетот кое го поседуваат, а се вика Димитар Ковачевски и Стево Пендаровски. Ковачевски, да беше тендер за ДУИ и Артан, веднаш ќе сфатеше, а вака ни самиот не верувам дека ја сфаќа важноста за национално единство пред налетот на ДУИ за криминализирање на Македонија. Разочаран сум од него колку грчевито се бори против националното единство. Колку гледа да им учини на ДУИ што покажува дека или е уценет или заедно делат големи проценти од криминалот. А можеби и двете“,
вели тој.
Мицкоски кажа и дека му е жал што пропуштаат историска шанса и што се седнати во скутот на Али Ахмети. Не го чуди ни тоа што нивниот поранешен лидер Црвенковски го замрзнал членството.
„Да можат и други ќе се замрзнат само да не го гледаат срамот во кој таа партија се претвори“,
рече Мицкоски.
Рече дека ќе го спомене нивниот претседател од редовите на СДСМ, а кој бил претседател на Македонија, кој велел дека многумина сакаат Македонија да ја приграбат, а тој, додаде Мицкоски, им порачал дека „не може“.
„На Ковачевски никако да му текне, им вели повелете ‘еве цела Македонија ви ја ставам на тацна‘, само оставете ме усште еден ден во фотелјата. Нека си тера Ковачевски со неговото тендерско единство со ДУИ, а јас ќе продолжам да повикувам на единство, зашто предолго Македонија е разединета на сто страни. И без оглед што некои поединци, дури и лидери по налог на СДСМ, ќе излезат да противречат на тоа единство, тоа е неминовен процес кој го посакуваат граѓаните. И тоа единство ќе се случи“,
вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.