„Тие не само што нема да успеат да ја придвижат државата кон ЕУ ниту милиментар, туку ќе ги обвинуваат сите околу себе, соседите и на крај и ЕУ ќе им биде крива. Спремни се Македонија уште 100 години да чека да влезе во ЕУ или како што ќе кажат можеби и никогаш. Ние нема да дозволиме да си поигруваат со нашата иднина и иднината на нашите деца“, вели претседателот на СДСМ и носител на Изборната единица 1
Се повеќе луѓе сфаќаат дека единствен мораториум во главата на Мицкоски е мораториумот за интеграција на државата во Европската Унија.
Ова вечерва од митингот на Коалицијата за европска иднина во Тетово го порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски и носител на листата во Изборната единица 1, велејќи дека Мицкоски е подготвен да го одложуба членството на државата во ЕУ уште 11 години, како што тоа го правел неговиот ментор Груевски.

„Наместо национално единство за мораториум, на Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ. Тоа е вистинскиот и единствен пат за промени и токму тоа е одлуката што вие треба да ја донесете на овие избори. Едната опција е Мицкоски, Силјановска и ДПМНЕ со мораториум за ЕУ, а другата опција се СДСМ и Стево пендаровски кои нема да се откажат од нашата европска иднина“,
вели тој.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицскоски е истото ВМРО-ДПМНЕ кое на чело со Груевски, како што рече 11 години ја заробило државата и ја изолирало од светот.
„Тие не само што нема да успеат да ја придвижат државата кон ЕУ ниту милиментар, туку ќе ги обвинуваат сите околу себе, соседите и на крај и ЕУ ќе им биде крива. Спремни се Македонија уште 100 години да чека да влезе во ЕУ или како што ќе кажат можеби и никогаш. Ние нема да дозволиме да си поигруваат со нашата иднина и иднината на нашите деца“,
рече Ковачевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред два дена ги повика и членовите на СДСМ на обединување порачувајќи им дека ќе работи заедно со нив за да ги искористат сите потенцијали на државата.
„Мојата прва иницијатива за обезбедување на македонско национално единство ќе ја започнам со тоа што сакам да обзнанам мораториум во нападите кон партите Левица и ЗНАМ. Ова го чувствувам како потреба на македонскиот народ но, и како моја обврска да се обидам да ја реализирам идејата за национално единство во моменти кога таа и е најпотребна на Македонија. Со Левица и Знам имаме свои разлики. По повеќе прашања и од идеолошка и од принципиелна природа, но ценам дека во моментов најклучно за иднината на земјата е да се фокусираме на оние кои ја киднапираа Македонија од рацете на граѓаните. Разидувањата сигурно ќе продолжат, но мора да наоѓаме заеднички јазик без разлика на лични и партиски суети и интереси. Од нив не очекувам да го направат истото. Дури можеби и ќе ме нападнат за овој гест, можеби некои оправдано ќе кажат дека задоцнет, но и покрај тоа, како и да се однесуваат споменатите партии, ние како партија ќе опстоиме на нашиот збор“,
порача Мицкоски.