„Затоа ние како коалиција ‘Вреди‘ во Владата мора да гарантираме и ќе гарантираме зголемување на минималната плата до 800 евра. Тоа е единствената програма што вреди. Но, повторувам дека за да дојде до промена, секој од нас мора да биде посветен. Секој глас е важен. И го повикуваме секој гласач да излезе на денот на гласањето за да ја гарантираме победата на промените“, вели кандидатот за претседател од коалицијата „Вреди“
Победата на коалицијата „Вреди“ ќе донесе промени за општеството, особено за Албанците. За таа цел, особено е важно на овие избори да има целосно единство на опозициските партии на Албанците, кое ќе гарантира победа.
Ова денеска го рече претседателскиот кандидат на „Вреди“, Арбен Таравари, кој денеска во Скопје ги претстави носителите на коалицијата во сите шест изборни единици.
Носител на првата Изборна единица е Изет Меџити, во втората Африм Гаши, во ИЕ 3 Шенер Биљали, во четворката Мендурим Закмани, во петката Салим Сулејмани и во ИЕ 6 Биљал Касами.

Арбен Таравари, претседателскиот кандидат на коалицијата „Вреди“, рече дека на овие избори има целосно единството на опозициските партии на Албанците, како и дека на сите избори, посочи, мнозинството гласови ги имала опозицијата.
„Претседателските избори се одржуваат на 24 април, бројот 6 е број на примената која вреди. Како и да одиме во кампањата, а сме биле низ целата државата, гледаме дека најголем проблем е сиромаштијата, поскапувањето, невработеноста или ниските плати. Условите за живот станаа потешки. Ова го предизвикува и другиот многу голем проблем што го имаме, а тоа е емиграцијата на младите. Тие заминуваат токму затоа што платите се ниски и тешко се наоѓа добра работа. Економијата и иселувањето бараат одговори, а Албанците промени“,
рече тој.
Таравари најави дека на почетокот на следната недела ќе ја објават програмата за парламентарните избори.
Како што рече тој, коалицијата „Вреди“ гарантира зголемување на минималната плата до 800 евра.
„Затоа ние како коалиција ‘Вреди‘ во Владата мора да гарантираме и ќе гарантираме зголемување на минималната плата до 800 евра. Тоа е единствената програма што вреди. Но, повторувам дека за да дојде до промена, секој од нас мора да биде посветен. Секој глас е важен. И го повикуваме секој гласач да излезе на денот на гласањето за да ја гарантираме победата на промените“,
рече тој.
Изет Меџити, претседателот на Демократско движење и носител на листата во ИЕ 1 рече дека нивната коалиција ќе донесе промени за Албанците, а дека една од економските мерки кои ќе ги преземат ако победат на парламентарните избори ќе биде враќање, како што посочи, на државните претпријатија во рацете на граѓаните.
„На сите граѓани ќе им се поделат 49 отсто од акциите на државните претпријатија, односно на секој поединец ќе се поделат акции во вредност од 10 000 евра. Овие акции ќе можат да се продаваат на пазарот, ќе донесат нова економска динамика во сите семејства, но ќе овозможат и внесување на приватен капитал во овие претпријатија, што носи модернизација и развој. Овие политики успешно се спроведени во многу европски земји, време е да се имплементираат и кај нас. Десет илјади евра за секој поединец и повеќе капитал за претпријатијата и за стопанството, тоа е економијата што вреди“,
рече Меџити.