Делегацијата на ПССЕ ќе ја предводи швајцарскиот пратеник Алфред Хер и ќе го следи процесот за избор на претседател во земјава заедно со набљудувачите од ОБСЕ/ОДИХР
Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) ќе испрати делегација од 14 набљудувачи кои ќе ги следат претстојните претседателски избори на 24 април.

Делегацијата на ПССЕ ќе ја предводи швајцарскиот пратеник Алфред Хер и ќе го следи процесот за избор на шеф на државата во С Македонија заедно со набљудувачите од ОБСЕ/ОДИХР.
Набљудувачите на Парламентарното собрание на Советот на Европа, според најавите, ќе се сретнат со кандидатите што се натпреваруваат на изборите, со претседателот и членовите на Државната изборна комисија (ДИК), како и со претставници на граѓанското општество и медиумите.
Покрај делегацијата на ПССЕ, во Скопје доаѓа и експерт на Венецијанската комисија, кој ќе дава правна поддршка за време на посетата.