„Тврдината која не загрижува сите и секогаш ни го дава тој сигнал дека се уште не е се како што треба, се уште нема еднакви можности за сите, тоа е тврдината на првиот претседател. Значи, се натпреварувам на 24 април да ја разбрете тежината на оваа мисија, дека вашиот глас не е само за мојата кандидатура, вашиот глас е за да ја разбиете последната тврдина на етничкиот монопол и за заокружување на еднаквоста на сите заедници цо нашата заедничка држава“, вели претседателскиот кандидат на ДУИ и Европскиот фронт
Европскиот фронт не е политичка партија. Европскиот фронт не е ни коалиција на политички партии, Европскиот фроент е голема идеја. Тоа е одлична идеја, чие време дојде. Лавина што ги собра соништата на секој граѓанин на оваа земја, за еднаквост, за правда и просперитетен живот во ЕУ.
Ова денеска на митинг од Кичево го рече претседателскиот кандидат на ДИУ и на Европскиот фронт, посочувајќи дека ова е продолжение на битките во континуитет, како што вели, за разбивање на замоците на етничките монополи.

„Европскиот фронт е трета унија, носега со малку поинаква димензија“,
вели тој.
Според него, останува уште една, како што вели, последната тврдина на етничкиот монопол, а тоа е тврдината на првиот претседател.
„Тврдината која не загрижува сите и секогаш ни го дава тој сигнал дека се уште не е се како што треба, се уште нема еднакви можности за сите, тоа е тврдината на првиот претседател. Значи, се натпреварувам на 24 април да ја разбрете тежината на оваа мисија, дека вашиот глас не е само за мојата кандидатура, вашиот глас е за да ја разбиете последната тврдина на етничкиот монопол и за заокружување на еднаквоста на сите заедници цо нашата заедничка држава“,
рече Османи од Кичево.