„Ветото не е украс, тоа е инструмент за спречување на денесување на неуставните закони. Претседателот еднаш се одвожи да го употреби ветото. Затоа го потпиша Законот за измените на кривичниот законик. Тоа е срамот на нашата демократија“, рече од митингот во Велес претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ
Како што Раца го инспирирала Коста Солев, вие Велешани така мене ме инспирирате, им рече вечерва на почетокот од нејзниот говор од митингот во Велес претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова.
Посочи дека е горда сум на првиот Илинден, на вториот Илинден, на третиот Илинден, а како што додаде, време е и ние нешто од илинденците да разбудиме во себе.

„Во најтешките моменти илинденскиот дух бил тој што го водел македонскиот народ. Време е за нова македонска република. За европска македонска република. Прифатетот го повикот на македонската република и направете промени“,
рече Силјановска-Давкова.
Претседателот, кој како што посочи таа, ретко го споменува, во некој од неговоите говори рекол, како што посочи, дека била против децентрализацијата во 2004 година.
„Незнаењето кај нас стана услов за политичка активност. Во 2004 година кога беше покренато донесувањето на ужасниот Законот за територијална организација, јас бев потпретседателка на групата на независни експерти за европската повелба за локална самоуправа, бранителката на локалната демократија и децентрализацијата. Не бев против децентрализација, ама бев против вештачката неприродна територијална организација“,
рече таа.
Преку ноќ, вели Силјановска-Давкова, без согласнот на граѓаните, на локалните власти, без почитување на 33 референдуми на локално ниво беше направен, додава таа, демографски и изборен инженеринг.
„Ќе градиме и локална демократија, а не само демократија на централно ниво. Тоа ќе го докажеме“, вели претседателската кандидатка.
Според неа, ги нема сликите во весниците, бидејќи, како што рече таа сликите понекогаш повеќе кажуваат од зборовите, за тоа кој е кој, додава Силјановска-Давкова, во ова корупциско и криминално гнездо.
„Колку претседатели сте виделе, колку премиери сте виделе, колку министри за внатрешни работи сте виделе седнати на софра со најголемите криминалци од Грчец, Шиша бар, со оние од убиствата во Ханиоти? Можете да се сликате со некого на улица, ама на софра да бидете тоа значи дека сте во спрега. Значи во право е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кога вели дека, не само со чинење, не само со криминални активности, туку и со замижување пред криминалот и корупцијата вие сте соучесник со нив“,
рече таа.
Кандидатката за претседател рече дека нема да дозволи, мислејќи на Владата, да се носат закони што се спротивни на Уставот.
„Ветото не е украс, тоа е инструмент за спречување на денесување на неуставните закони. Претседателот еднаш се одвожи да го употреби ветото. Затоа го потпиша Законот за измените на кривичниот законик. Тоа е срамот на нашата демократија“,
вели Силјановска-Давкова.
Македонија не смее да биде бинационална држава, Македонија треба да биде држава на рамноправни граѓани, ама таа е мултикултурно општество, мора да води сметка за секого.
„А, посебен акцент ќе ставам на политичкото дружење со жените. Намерно“,
рече претседателската кандидатка од ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, СДСМ немаат разбирање за пензионерите, студентите, ниту за лицата со посебни потреби, а тоа, како што рече, кога таа ќе стане претседателка на државата, ќе биде променето.