Според одлуката на РКЕ, малопродажната цената на бензинот еуросупер БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар, цената на бензинот еуросупер БС-98 за еден литар, а на еуродизел (Д-Е-В) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за два денари литар
Горивата од вечерва на полноќ поскапуваат за еден до два денари по литар. Ова денеска го одлучила Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), со што се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,52 отсто.

Според одлуката на РКЕ, малопродажната цената на бензинот еуросупер БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар, цената на бензинот еуросупер БС-98 за еден литар, а на еуродизел (Д-Е-В) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за два денари литар.
Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 е 85,5 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава за 88,5 денари, еуродизел БС (Д-Е-В) за 78 денари, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 77 денари за литар.
РКЕ одлучиле и дека за 0,286 денари за килограм се намалува малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 45,173 денари.
Од комисијата информираат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,184 отсто, кај дизелот за 3,802, кај екстра лесното масло за 4,795 отсто, додека мазутот има намалување во просек за околу 1,242 отсто.
Курсот на денарот во однос на доларот по кој се формирани цените со претходната пресметка е возисок за 0,382 отсто.