Причина зошто тестовите на веќе оздравени пациенти се позитивни, тие го припишуваат на неисправните тестови и на остатоци од вирусот кои остануваат во телото, но не се опасни
Оние кои се заразени со новиот коронавирус не можат да се заболат вторпат, тврдат јужнокорејски научници, кои извесен период работат на истражувањето зошто дури 10 отсто од излекуваните од ковид-19 во Кина повторно имале позитивен тест по отпуштањето од болница.
Меѓутоа, јужнокорејски научници заклучиле дека пациентите кои веќе се излекувале од ковид-19 не можат повторно да се заразат по закрепнувањето и сметаат дека позитивните резулатите се поради неисправните тестови, објави британскиот весник „Сан“.
Ова претходно токму јужнокорејските научници го отфрлаа како можност.
*Поврзана вест: Дали по прележан ковид-19 може пак да се заразите?
Според јужнокорејскиот централен клинички одбор за контрола на болести, позитивните тестови кај луѓето кои се негативни на коронавирусот се резултат на „фрагменти“ од вирусот кои се наоѓаат во нивните тела, но кои немаат сила да доведат до заболување или да заразат друго лице.
Слична теорија имаа и кинеските научници. Жонг Наншан, еден од врвните експерти во Кина, на почетокот на април објаснуваше дека излекувано лице може да се покаже позитивно зашто фрагменти од заразата останале во неговото тело, но според него, ова не е нешто за што треба да сме загрижени.
Постоеја податоци дека вкупно 277 пациенти се повторно заразени, што предизвика страв дека мутациите во вирусот би можеле да спречат развивање имунитет кај пациентите, а тоа да биде проблем при пронаоѓањето вакцина и да ја елиминира можноста за постигнување колективен имунитет.
Сер Патрик Воленс, главниот научен советник во британската Влада, и Крис Вити, главниот медицински советник на премиерот Борис Џонсон, претходно се обидуваа да ја уверат јавноста дека не може двапати да се заразат со ковид-19. Тие тврдеа дека оние кои еднаш го имале вирусот веќе развиле имунитет и многу ретко може повторно да се добие заразната болест. Во меѓувреме, професорот Вити објасни дека кај болеста, дури и ако не постои долгорочен имунитет, обично постои краткотраен имунитет.
