Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, според УХМР, ќе има и на почетокот на новата работна недела

Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност е прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денешниот ден. Се очекува да дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието. Утринската температура ќе биде од 4 до 10, а дневната ќе се движи од 20 до 28 Целзиусови степени.
Во Скопје времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во главниот град денеска ќе се искачи до 27 Целзиусови степени.
Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, според УХМР, ќе има и на почетокот на новата работна недела. И утре ќе дува умерен, а на некои места повремено засилен ветер од јужен правец.
Слично време за утре се очекува и во Скопје. Температурата утре ќе се движи во интервал од 20 до 29 степени.