Според информациите од полицијата, засега нема индикации дека станува збор за тероризам, а евакуирани се околу 150 дома во околината на кафулето
Рано утринава непознат маж влегол во кафуле во холандскиот град Еде во источниот дел на земјата заканувајќи се дека има бомба и дека ќе ја активира. Голем број специјалци веднаш биле распоредени на терен и евакуирале околу 150 дома во близина на кафулето каде што се случува заложничката драма.
Непознатиот човек кој е вооружен со пушки и експлозив влегол во локален бар во центарот на градот заканувајќи се дека ќе активира бомба. Според официјалните информации од холандското МВР, нема индикации дека станува збор за терористички напад.
Сите возови што требало да сообраќаат од и до Еде се стопирани, а холандските специјалци побарале луѓето да го избегнуваат центарот на градот на неодреден период.