Претходно денеска, поранешната гувернерка на Јужна Каролина, Ники Хејли, ја прекина кампањата за претседателска номинација на Републиканската партија, оставајќи го Трамп како единствен кандидат на Републиканската партија. Додека, кај демократите, покрај актуелниот претседател Џо Бајден, во трка сè уште се Маријен Вилијамсон и Дин Филипс
Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, денеска ги повика сите приврзаници на Ники Хејли, која претходно ја прекина кампањата, да го поддржат на ноемвриските избори.
„Би сакал да ги поканам сите поддржувачи на Хејли да се приклучат на најголемото движење во историјата на нашата нација. Бајден е непријател. Тој ја уништува нашата држава“,
објави Трамп на својата социјална мрежа Трутсоушл (TruthSocial).
Претходно денеска, поранешната гувернерка на Јужна Каролина, Ники Хејли, ја прекина кампањата за претседателска номинација на Републиканската партија, оставајќи го Трамп како единствен кандидат на Републиканската партија. Додека кај демократите, покрај актуелниот претседател Џо Бајден, во трка сè уште се Маријен Вилијамсон и Дин Филипс.
Хејли ја прекина претседателската кампања откако беше убедливо поразена на национално ниво на таканаречениот Супервторник. За време на прелиминарните избори, Трамп победи во 14 од 15 држави, практично елиминирајќи ја Хејли, која победи само во Вермонт.
„Дојде време да ја прекинам кампањата и можам да кажам дека не жалам за ништо. Сега останува на Доналд Трамп да ги заработи гласовите на оние во нашата партија, но и на сите надвор од неа кои не го поддржаа и се надевам дека ќе го направи тоа“,
рече таа и додаде дека Трамп најверојатно ќе биде републиканскиот кандидат, но таа не му ја даде својата поддршка.