Три милиони 139 илјади 588 лица во светот вкупно досега заболеа од ковид-19, од кои 218 024 веќе починаа, а 959 258 ја победија болеста, покажуваат податоците на интернет-страницата „Ворлдометерс“, која се базира на информации од СЗО.
Во моментот има 1 962 306 активни случаи на ковид-19, од кои 97 проценти или 1 905 336 се со лесни симптоми, а 56 970 се во тешка состојба.
САД со 1 035 765 случаи на ковид-19 и 59 266 смртни случаи како последица на болеста се на врвот на листата.
Во Европа, прва е Шпанија со 232 128 заболени и 23 822 починати лица, потоа Италија со 201 505 заболени и 27 359 починати.
Следуваат Франција со 165 911 заболени и 23 660 починати, Велика Британија со 161 145 заболени и 21 678 починати и Германија со 159 912 заболени и 6314 починати лица.
Од континентите, и натаму Европа е најпогодена со 1 323 278 случаи на ковид-19 и 126 445 починати.
Следува Азија, каде што и првпат се појави новиот коронавирус, со 495 255 заболени и 17 927 починати.
Јужна Америка е трет континент на листата со 155 592 заболени и 7 590 починати, најмногу во Бразил – 75 235 заразени и 5 083 починати, и Перу со 31 190 заболени и 854 почнати од ковид-19.
Африка е трета со 35 799 заразени и 1 5 28 починати, но според предупредувањата на СЗО, поради лошите услови, има опасност од рапидно ширење на заразата.
Австралија според бројките досега најдобро се справи со пандемијата со што бројот на заразени на овој континент е 8 313 и 107 смртни случаи.