Во објава на својот приватен профил на Фејсбук, министерката за одбрана поставува неколку прашања во врска со настанот пред познатиот скопски локал, чиј тек јасно може да се утврди од снимките од камерите за видеонадзор до кои дојде „360 степени“
Откако „360 степени“ објави снимки од безбедносните камери од познатиот скопски локал каде што викендов Ивица Б., член на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, нападна колега полицаец кој бил на служба таа вечер, со реакција се јави министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Во објава на својот приватен профил на Фејсбук, министерката поставува неколку прашања во врска со настанот чиј тек јасно може да се утврди од снимките од камерите за видеонадзор.
Меѓу другото, Петровска прашува зошто другите полициски службеници, кои за време на инцидентот биле на служба, не презеле дејствија за веднаш да го совладаат и уапсат напаѓачот, но и колку дена ќе му требаат на Одделот за внатрешна контрола во МВР за да го констатира очигледното.
„Тепачот мавта со прст и му се заканува на полицискиот службеник што сака да спроведе полициска акција за сузбивање дрога… Прашање 1: Со што му се заканува? За кратко доаѓаме на власт, ќе видиш!? Прашање 2: Зошто другите полициски службеници не преземаат дејствија да го совладаат и уапсат веднаш? Прашање 3: Уште колку дена ќе му требаат на Одделот за внатрешна контрола да го констатира очигледното. Старото добро МВРО…“
пишува министерката за одбрана во објава на својот приватен фејсбук-профил.
Снимките од безбедносните камери од познатиот скопски локал, до кои дојде „360 степени“, покажуваат што точно се случувало на преминот меѓу саботата и неделата (17 и 18 февруари) кога Ивица Б., член на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, нападна колега полицаец кој бил на служба таа вечер.