Откако Уставниот суд реши да покрене постапка за оценување на уставноста не неколку уредби, меѓу кои и таа за минимална плата на функционерите, судиите и обвинителите, од Владата велат дека се разочарани и одлуката ја нарекоа скандалозна.
„Владата смета дека поведената постапка на Уставниот суд за поништување на Уредбата за намалување на платите на 2 060 функционери, пратеници, судии, обвинители и директори на минимална плата од 14 500 денари за април и мај, директно штети на солидарноста во нашата земја. Со оваа одлука, Уставниот суд директно спречува обезбедување околу 240 милиони денари во Буџетот на РСМ за мерки за справување со ковид-19. Владата изразува разочарување од ваквата скандалозна одлука која ја загрозува борбата со коронавирусот“,
пишува во реакцијата на Владата.
Решението на Уставниот суд времено ја запре Уредбата односно се забрани исплаќање на минималната плата за функционерите, судиите и обвинителите додека уставните судии не донесат одлука дали тоа е уставно или не.
*Поврзани вести:
Уставен го запре минималецот за функционерите, судиите и обвинителите
Владата ги стави и судиите и обвинителите на минималец
Здружението на обвинители до Дескоска: Треба да ни се намалат платите, но не на минималец