Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (1 февруари 2024 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во ова издание:
– По неколкумесечна правна битка – преписки, барања и жалби, второстепен орган го задолжи Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) да ни го даде договорот за автопатите со „Бехтел и Енка“; Директорот на ЈПДП, Ејуп Рустеми, вели дека Владата се обврзала дека ќе го даде договорот само со согласност на американско-турскиот конзорциум;
– Откриваме што предвидува договорот за јавно-приватно партнерство меѓу Општина Тетово и словенечко-австриската фирма „Саубермахер“ за собирање на отпадот – ќе ги снема ли депониите на секој чекор во градот и по која цена;
– МВР верува дека пилот-проектот за достава на личните документи на домашна адреса во Скопје ќе го олесни процесот на замена на лични документи откако стана јасно дека Грција не се согласува со пролонгирање на рокот кој истекува за десетина дена;
– Во лабораторијата на Машинскиот факултет при УКИМ во Скопје група студенти работат на првиот македонски болид со кој ќе одат на светски натпревар;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.