Стевановиќ беше на чело на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминатите седум години, вклучувајќи го и периодот на пандемијата со коронавирусот
Клиниката за инфективни болести во Скопје од денеска има нов директор, потврдиле за МИА од Клиниката.

На местото на досегашната директорка д-р Милена Стевановиќ сега е назначен д-р Фадил Цана, кој е инфектолог на Инфективната клиника.
Досегашната директорка Милена Стевановиќ беше на чело на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминатите седум години, вклучувајќи го и периодот на пандемијата со коронавирусот.

Засега нема официјални информации за причините за смената на директорската позиција на Клиниката.