Бројот на заразени од ковид-19 на глобално ниво надмина три милиони.
Во моментов, според статистичкиот веб-сајт „Ворлдометерс“, точната бројка на досега дијагностицирани пациенти со новиот коронавирус изнесува 3 004 887.
Бројот на смртни случаи во целиот свет изнесува 207 254, додека на оздравени е 882 909.
По државни на прво место се САД со 987 322 заразени и 55 415 мртви.
Втора, според бројот на заразени, е Шпанија со 226 629, а бројот на смртните случаи е 23 190.
Италија е на трето место со 197 675 дијагностицирани, но по бројот на мртви е пред Шпанија и има 26 644.
Франција, Германија, Велика Британија и Турција се следни на листата по бројот на заразени со ковид-19 – во сите тој е над 100 000.