Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (25 јануари 2024 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во ова издание:
– Дојдовме до извештајот на Оценската мисија на Европската Унија за Судскиот совет – откриваме кои се препораките;
– Обидот на Општина Ѓорче Петров да сруши дивоградба осуетен од Државниот инспекторат за градежништво, кој го води Фатмир Арифи од ДУИ; рецептот ист како и за дивоградбите на Пластичарска во Општина Центар;
– Обновена иницијативата за изградба на холивудски студија во земјава – некогашните потенцијални инвеститори се поделиле;
– Една поинаква приказна за бугарско-македонските односи: Пламен Тотев превел и издал во Бугарија седумдестина дела од четириесетина македонски писатели;
– За војната меѓу Израел и Хамас во Газа, убивањето цивили и можното решение – интервју со израелската амбасадорка Симона Френкел;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.