Портпаролот на израелските одбранбени сили соопштил дека ИДФ сè уште ги истражува деталите за инцидентот, кој се случил вчера попладне во центарот на Газа, во близина на кибуцот Кисуфим на израелската страна на границата
Израелската армија соопшти дека 21 нејзин војник се убиени во напад во централниот дел на Газа, што е најсмртоносниот биланс во еден ден за израелските сили од почетокот на нивната копнена операција во Појасот, јавуваат светските медиуми.

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари, изјави дека според првичните извештаи, ракетна граната погодила резервоар во близина на две згради во кои се наоѓале војниците, пренесува Би-би-си.
Војниците, како што се наведува, поставувале експлозив во зградите за да ги урнат, но ракетниот напад на резервоарот предизвикал предвремена експлозија на мините, по што зградите се урнале врз нив.
Хагари соопштил дека ИДФ сè уште ги истражуваат деталите за инцидентот, кој се случил вчера попладне во центарот на Газа, во близина на кибуцот Кисуфим на израелската страна на границата.
Тој рекол дека војниците, од кои повеќето биле резревисти, биле вклучени во операција со која треба да им се овозможи на жителите на јужен Израел безбедно да се вратат во своите домови откако десетици беа евакуирани по нападот на Хамас на 7 октомври минатата година.
Израелскиот претседател Исак Херцог на социјалната платформа Икс напиша дека денешното утро било „неподносливо тешко“ по сознанијата за бројот на загинати војници.
„Во име на целата нација ги тешам семејствата и се молам за заздравување на ранетите“,
рече Херцог.
בוקר קשה מנשוא, בו עוד ועוד שמות של טובי בנינו – מגש הכסף במלוא מובן המילה – מתווספים למצבת הגבורה, במלחמה שאין צודקת ממנה.
— יצחק הרצוג Isaac Herzog (@Isaac_Herzog) January 23, 2024
מאחורי כל שם נמצאת משפחה שעולמה חרב עליה באחת, משפחה שאנו מאמצים אל ליבנו ביגון ובכאב, ובה בעת בגאווה – על גבורת הדור, על השליחות והרעות, על הדבקות במטרה…
Израелските сили започнаа со воздушни и копнени операции во Газа, со цел, како што соопштија властите на земјата, за целосно уништување на Хамас откако припадници на милитантната група која го контролира Појасот на 7 октомври влегоа на израелска територија убивајќи 1 300 луѓе, главно цивили и зедоа околу 250 други лица како заложници.
Од друга страна, оттогаш во израелската воена кампања во Газа, според тамошното Министерство за здравство кое е под контрола на Хамас, убиени се најмалку 25 295 луѓе, главно жени и деца.