Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 22 јануари 2024 г. на МРТ 1, во кое гостува министерката за одбрана и претседавач со Централниот одбор на СДСМ, Славјанка Петровска
„Не би рекла дека се мисли на конвенционална воена закана, иако во некои земји не исклучувам и такво нешто… Меѓутоа, во секој случај ќе биде дестабилизација… И некогаш таквите влијанија, дестабилизација во политичка и демократска смисла, може да траат подолго и да нанесат поголема штета“, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска за пораката од американскиот претседател Џо Бајден кој праша – ако САД заминат, а Русија опстои и ја победи Украина, што мислите дека ќе се случи со балканските земји. Во новото издание на „360 степени“ на МРТ 1, Петровска открива дека најавената набавка на осум хеликоптери за Армијата ќе се реализира преку италијанскиот производител „Леонардо”. Петровска, која е и претседавач со Централниот одбор на СДСМ, ја прашуваме – колку е правно можно, но и политички логично Талат Џафери да предложи преодна влада без кандидати за министри од ВМРО-ДПМНЕ? Разговараме и за шансите за донесување на предлог-законот за вработените во Министерството за одбрана, ревизорскиот извештај за 2022 г., огласите за вработување на 300 професионални војници и 30 офицери (пред избори), дијалогот со синдикатите…