Хокеарската репрезентација на Израел требаше да настапи на Светското првенство во Втората дивизија, но поради суспензија Израелците нема да имаат можност за настап
Кога конечно Западот се согласи дека Русија врши воена агресија врз Украина, започна лобирањето за изолација на спортските и културните претставници на државата, а сега на ред се израелските.
Војната во Газа, односно употребата на прекумерна сила врз цивилното население, нешто со што Израел не се согласува, досега немаше вакви последици, но полека и нејзините спортисти влегуваат во светска изолација.
Ако фудбалскиот клуб Макаби Тел Авив домашните натпревари во рамките на европските купови ги играше надвор од државата, сега Израел го изенади сериозна забрана.
Се работи за хокеарите. Имено, Меѓународната хокеарска федерација им забрани учество на Израелците во меѓународните натпревари. Објаснувањето е дека станува збор за „страв по безбедноста“.
Репрезентацијата на Израел требаше да настапи на Светското првенство во Втората дивизија, но поради суспензијата, Израелците нема да имаат можност за настап.
Во неколку спортски медиуми се пишува дека за израелскиот спорт лобираат повеќе држави да биде забранет во меѓународните спортски купови.