Ова е прв разговор меѓу двајцата лидери од 7 октомври и почетокот на израелските напади во Појасот Газа, кои следуваа по нападот на Хамас на израелска територија
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го предупреди својот американски колега Џо Бајден за негативните регионални и светски последици од конфликтот меѓу Израел и Хамас.
Тоа е прв разговор меѓу двајцата лидери од 7 октомври и почетокот на израелските напади во Појасот Газа, кои следуваа по нападот на Хамас на израелска територија.
„Претседателот Ердоган рече дека зајакнувањето и продолжувањето на израелските напади може да има негативни регионални и светски последици“,
соопшти турското претседателство по нивниот телефонски разговор.
Ердоган посочи дека повлекувањето на безусловната американска поддршка за Израел може да гарантира побрз прекин на огнот, се вели во соопштението.
Турскиот претседател додал и дека САД имаат „историска одговорност да обезбедат траен мир во регионот што е можно поскоро“.