Министерството за правда вечерва е осветлено со сина боја. Оттаму велат дека причината е одбележувањето на Светскиот ден на детето.
„Во пресрет на 20 Ноември – Светскиот ден на детето, 30 години од ратификацијата на Конвенцијата за права на децата и 30 години УНИЦЕФ во земјата. Секое дете, секаде, има право да живее во мирен свет“,
објавија од Правда.