Полицијата вчера привела 31-годишен жител на тетовското село Мала Речица откако при претрес во неговиот автомобил биле пронајдени и одземени 7 123 парчиња разновидни пиротехнички средства.
Тој бил задржан во полициска станица, а против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
„На 17.11.2023 во 18.15 часот на регионалниот пат од с. Јажинце – Тетово, кај с. Одри, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода С.Ј. (31) од село Мала Речица, Тетовско. При преглед во возилото „бе-ем-ве Х5“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 7 123 парчиња разновидни пиротехнички средства“,
се вели во соопштението на МВР.