Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (16 ноември 2023 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Теми за ова издание:
– Легализирањето станбени згради дивоградби во Чаир, кои не ги исполниле условите за тоа, не било инцидентна туку масовна појава: Досега на територијата на општината дојдовме до бројка од околу 20 – и тоа само станбени згради на повеќе катови, без да броиме куќи и семејни згради; Откриваме и други детали за криминалот од огромни размери;
– Еден месец откако Антикорупциска утврди дека директорот на Државниот инспекторат за градежништво, кадар на ДУИ, не пријавил два стана и автомобил, нема реакција ниту од обвинителството ниту од Владата; Прозваниот Фатмир Арифи се правда со неажурност на одговорниот за човечки ресурси во неговата институција;
– Меѓата на соседот како повод за маалска драма во Бутел – асистираше интервентната полиција; Проблемот останува нерешен;
– Како функционираат општинските совети без јасни мнозинства, како оние во Битола и во Неготино;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.