ИРЛ, како здружение на граѓани, беше тужена за навреда и клевета од ексвицепремиерот Кочо Анѓушев. Но, судијката, освен што констатира клевета и навреда, повикувајќи се на Законот за медиуми, тврди и дека во него „изречно е наведено дека медиуми, меѓу другото, не претставуваат здруженијата“. А таква формулација во законот нема. Во членот што го цитира судијката, еднаш се споменува зборот здруженија, и тоа во контекст дека билтените, каталозите и други форми на публикации на здруженијата не се медиуми
Но, емисијата „Заговор против воздухот“, за која ИРЛ беше тужена за навреда и клевета, не е билтен и каталог ниту, пак, публикација на здружение, туку медиумски продукт, кој е во согласност со нивните цели наведени во статутот, за промоција и јакнење на истражувачкото новинарство
Десетте текста со кои се откриваат случувањата во Седмата флота по серијата поморски несреќи во Тихи Океан во 2019 година им ја донесоа Пулицеровата награда на тројца американски новинари – Кристијан Милер, Меган Рос и Роберт Фатуречи. Истражувањата беа објавени на веб-страницата „Пропублика“.

Од 2008 година, откога работи досега, оваа интернет-страница за истражувачко новинарство доби шест Пулицерови, пет „Пибоди“, пет „Еми“ и дванаесет награди „Џорџ Полк“. „Пропублика“ е непрофитна организација, форма што во нашето законодавство се нарекува – невладина организација или здружение на граѓани. Американскиот закон прави разлика меѓу невладина и непрофитна организација, за разлика од македонскиот и од законите во многу други држави, кои невладините и непрофитните ги сметаат за иста форма на организација.
Оваа информација ќе беше сосема неважна за овдешната јавност ако судијката Јованка Спировска-Панева во минатонеделната пресуда против Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) не навлезе во регулација на тоа кој сѐ може да биде медиум, па заклучи дека здруженијата кои, според македонските закони, се и непрофитни организации, тоа не можат да бидат, пишува „Призма“ во анализата насловена Пресуда против здравиот разум.
ИРЛ, како здружение на граѓани, беше тужена за навреда и клевета од поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев. Но, судијката, покрај тоа што констатира клевета и навреда, повикувајќи се на Законот за медиуми, тврди и дека во него „изрично е наведено дека медиуми, меѓу другото, не претставуваат здруженијата“. А таква формулација во законот нема. Во членот што го цитира судијката, еднаш се споменува зборот здруженија, и тоа во контекст дека билтените, каталозите и други форми на публикации на здруженијата (и други институции) не се медиуми.
Но, емисијата „Заговор против воздухот“, за која ИРЛ беше тужена за навреда и клевета, не е билтен и каталог, ниту, пак, публикација на здружение, туку медиумски продукт, кој е во согласност со нивните цели наведени во статутот, за промоција и јакнење на истражувачкото новинарство.
Кој може да биде новинар?
Адвокатот Иван Брешковски, кој, меѓу другото, работи на предмети за клевета и навреда, децидно тврди дека Апелација, која го врати случајот на повторно судење, никаде не упатува дека некој треба да утврди „кој е новинар и дали може да работи како новинар“. А пресудата донесена од Спировска-Панева го прави токму тоа.
Па, така наведува таа, „членовите на ИРЛ кои немаат статус на новинари“, не може да прават „новинарски обликувани емисии, да се претставуваат како новинари, да се занимаваат со истражувачко новинарство и сето тоа да го објавуваат преку средствата за јавно информирање“.
Обидот некој надвор од фелата да дефинира кој е новинар, а кој не, е прашање што беше подзаборавено сѐ до минатата недела. А беше многу актуелно пред десет години, кога во 2013 година, тогашната влада на Никола Груевски се обидуваше да го наметне во Законот за медиуми. Еснафските здруженија беа против оти препознаа обид да се регулира областа на начин на кој ѝ одговара на власта, па строгите законски одредби дека некој што не работи во медиум не е новинар можеа да доведат до исклучување од професијата на професионалци што во моментот немаат формален ангажман.
Но, заканата не е само за новинарите. Со пресудата, практично, од правото на информирање се исклучени сите здруженија на граѓани. За ексминистерката за правда, Рената Дескоска се работи за преседан „што во иднина може да го загрози целиот цивилен сектор и да доведе до мрак во јавниот простор“
„Образложението на пресудата не е само против ИРЛ, тоа е и против слободата на здружување, против слободата на говор, но и против здравиот разум. Таа праќа опасна порака“,
вели Дескоска за БИРН.
„Лично не познавам пропис или закон со кој се забранува кое било физичко или правно лице, да пренесува информации во јавноста/етерот во кој било облик или форма (освен тој говор што подлежи на граѓанско или кривично ограничување)“,
вели адвокатот Иван Брешковски.
Целата сторија на „Призма“ читајте ја следниот линк.