Вработените во ЈП „Комунална хигиена“, кои неколку дена го чистат езерцето, објавија фотографии со рибата на социјалната мрежа Фејсбук
Огромна риба „толстолобик“ денеска била извлечена од езерцето во градскиот парк во Скопје, кај кафулето „Централ Парк“.
Вработените во ЈП „Комунална хигиена“, кои неколку дена го чистат езерцето, објавија фотографии со рибата на социјалната мрежа Фејсбук.
Како што се гледа на видеото, тие рибата привремено ја ставија во кајак наполнет со вода.
Инаку Слатководната риба „бел толстолобик“ (Hypophthalmichthys molitrix) потекнува од Кина и кај нас може да се забележи во Охридско Езеро, Крушевско Езеро и во други акумулации.
