Премиерот Оливер Спасовски во видео-честитката за Велигден, до припадниците на православната верска заедница и до Македонската православна црква – Охридска архиепископија, испраќа порака дека годинава еден од најсветлите празници го минуваме во изолација како подвиг на секој од нас пред искушенијата, кои на светско ниво ги донесе пандемијата и здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот.
Затоа од нас годинава се очекува да ја совладаме нашата себичност, да понесеме саможртва за доброто на сите и овие денови да ги славиме во кругот на домот за да се заштитиме себеси и ближните. Во мирот и спокојството на домот да победи животот и да преминеме во нова иднина.
смета Спасовски.
Спасовски вели дека Велигден носи и солидарност и сострадание со другите и за да се справиме со овие предизвици и да ги ублажиме последиците неопходни се токму сочувство и солидарност од секој еден од нас.
Годинава се соочуваме со непознат и моќен непријател, кој ги искушува нашиот и животите на нашите блиски. Но, верувам дека од празникот со кој го славиме спасението сите ќе излеземе посилни и подобри. Во овие мигови на искушенија нека Божјиот благослов, преку празникот, ни даде добро здравје и духовна сила. Христос воскресна! Навистина воскресна!
вели Спасовски.