„Градски паркинг“ известува дека од 1 октомври ќе се врши и промена на работното време и на јавните паркиралишта, така што на паркинг-местата на „Нова Македонија“, „Народен фронт“ и АМСМ услугата паркирање ќе се овозможи 24/7
На 1 октомври почнува зимското сметање на работното време за зонско паркирање на паркинзите со кои стопанисува „Градски паркинг“ – Скопје.
Како што соопштија денеска од ЈП „Градски паркинг“, работното време од понеделник до петок во зоните А, Б и Ц ќе биде од 7 до 21 часот и во сабота од 07 до 14 часот. На јавната површина наменета за паркирање зона Д работното време останува исто, односно од понеделник до сабота од 7 до 23 часот.
„Градски паркинг“ известува дека од 1 октомври ќе се врши и промена на работното време и на јавните паркиралишта, така што на паркинг-местата на „Нова Македонија“, „Народен фронт“ и АМСМ услугата паркирање ќе се овозможи 24/7.
Од јавното претпријатие апелираат до корисниците да бидат внимателни и наплатата за паркинг-услугата да ја извршат навремено и уредно, во согласност со работното време на паркиралиштата.
