„Значи, се повторува истиот закон од 2018 година. Ова ќе треба да го нагласам неколку пати бидејќи има забуна во јавноста и се кажува дека имаме нов закон. Останува во сила истиот закон од 2018 година и додадени се тие дела кои нема да се амнестираат, така што се изземени од новиот закон за амнестија, а се однесуваат на дела за корупција. Тврдам дека ниту еден избран или именуван функционер од страна на институциите нема да биде опфатен со оваа амнестија“, вели министерот за правда
Лога како тенденциозни ги оцени пишувањата на одредени медиуми дека со Законот за аменстијан, доколку биде усвоен, на слобода ќе се најдат и лица осудени за тешки кривини дела. Конкретно, од дел од новинарите беше посочен случајот „Монструм” и осудените во него Хаки и Фејзи Азири. „Повикувам да не се игра со имиња и со емоции поврзани со одредни случаи. Од таму нема да излегуваат академици. Се знае дека од таму излегуваат затвореници кои се осудени за кривични дела. Значи, само во ВМРО може да се случи да влегува затвореник како криминалец, а да излезе како академик и да се пречека во палата како да е некој јунак во државата“, рече тој
Конференциската сала на приземјето на заградата на Министерсвото за правда денеска беше претесна за новинарите кои дојдоа на брифингот на ресорниот министер Кренар Лога за да го слушнат неговото образложение на предлог-законот за амнестија, кој вчера помина на владина седница и треба да влезе во собраниска процедура.

Она што го слушнаа од Лога на брифингот, а потоа и на прес-конференцијата, која беше отворена за камери, е дека станува збор за истиот закон за амнестија од 2018 година, со мали измени. Имено, како што рече Лога, со сегашното решение се изземаат одредени кривични дела за кои нема да важи амнестијата.
Иако според најавите на собранскиот спикер, предлог-законот може да се најде на седница уште следната недела, тоа ќе се случи за десетина дена, откако министерот за правда ќе се врати од службено патување во САД, бидејќи тој лично сака да го брани пред пратениците.
Инаку, новиот предлог-закон за амнестија предвидува целосно ослободување на лицата осудени на затворски казни до шест месеци, а осудениците со казни од шест месеци ќе се ослободат од издржување на 30 отсто од целокупната казна изречена со правосилна пресуда. Исклучок од амнестијата има за тешките кривични дела.
„Значи, се повторува истиот закон од 2018 година. Ова ќе треба да го нагласам неколку пати бидејќи има забуна во јавноста и се кажува дека имаме нов закон. Останува во сила истиот закон од 2018 година и додадени се тие дела кои нема да се амнестираат, така што се изземени од новиот закон за амнестија, а се однесуваат на дела за корупција. Тврдам дека ниту еден избран или именуван функционер од страна на институциите нема да биде опфатен со оваа амнестија“,
рече Лога на прес-конференцијата, како и на брифингот.
Министерот за правда потенцираше дека тогаш предлагачи на законот за амнестија биле сите политички партии, посочувајќи ја прво ВМРО-ДПМНЕ, потоа СДСМ, ДУИ и, како што рече, сите други партии застапени тогаш во Собранието.

Тој рече дека и сега очекува од сите партии да го поддржат законот, посочувајќи ги супстандардните услови во затворите, особено во скопскиот затвор Идризово, како главна причина поради која се носи.
Надоврзувајќи се на ова, Лога го повтори и она што претходно го кажа на брифингот дека ќе објави фотоалбум за условите во затворот, а на прес-конференцијата додаде дека ќе купи огледало за да можат да се погледнат во него пред да гласаат за законот.
„Очекувам поддршка од сите пратеници, од сите политички партии бидејќи не станува збор за прашање од секојдневната политичка агенда, туку е за цели кои се веќе наведени во законот. Јас бев во посета на затворот Идризово и влегов во сите крила и видовте и сами дека држвата не е на ниво на тоа што го бара законот и на тие стандарди кои веќе се дел од нашиот систем. Очекувам поддршка уште еднаш. Кажав и на брифингот дека освен албум со фотографии за условите таму, ќе биде купено од моја страна и едно огледало за сите пратеници да се видат себе си пред да гласаат за овој закон“,
рече Лога.
Инаку, од денеска кажаното од министерот може да се заклучи дека законот за амнестија, според него, треба да биде еден вид понтонски мост за решавање на пренатрупаноста и лошите услови во затворите додека не се подобрат условите.
Ќе се гради нов објект во „Идризово“
Лога најави дека веќе се обезбедни средства и дозвола за изградба на нов објект во Идризово. Тендерот, како што рече, треба да биде објавен на крајот на ноември, а целата постапка околу него да биде завршена за 6 до 9 месеци. Изградбата на објектот треба да заврши за четири години и да биде пуштен во употреба.
„Дотогаш, а тоа е и целта на овој закон, е да имаме амнестија за да може, условно кажано, овој сив период од четири години државата да делува како сериозна држава“,
рече Лога.

Лога како тенденциозни ги оцени пишувањата на одредени медиуми дека со законот за амнестијан, доколку биде усвоен, на слобода ќе се најдат и лица осудени за тешки кривини дела. Конкретно од дел од новинарите беше посочен случајот „Монструм” и осудените во него Хаки и Фејзи Азири.
„Прашањето е тенденцоизно и се врзува само со еден предмет. Јас реков дека станува збор за истиот закон од 2018 година. Ако во 2018 г. такви дела се аменстирани, пак ќе се амнестираат, значи законот не влегува во конкретни предмети, законот е ист и така е предложен од страна на Министерството до Собрание. Кој ќе биде опфатен, ќе се калкулира после од Управата за извршување санкции. Повикувам да не се игра со имиња и со емоции поврзани со одреднеи случаи. Од таму нема да излегуваат академици. Се знае дека од таму излегуваат затвореници кои се осудени за кривични дела. Значи, само во ВМРО може да се случи да влегува затвореник како криминалец, а да излезе како академик и да се пречека во палата како да е некој јунак во државата“,
изјави министерот за правда.
Тој не сакаше да одговори ниту дали со законот е прифатлива амнестија на осудените за случувањата во Собранието од 27 април 2017 година.
Колку лица ќе опфати законот за амнестија?
И додека имиња на осуденици кои ќе се најдат на слобода засега не се познати, анализите кои беа соопштени на денешниот брифинг, а се заклучно со 26 септември оваа година, велат дека до овој период во затворите има 2 114 лица. Доколку бидат усвоени измените, од натамошно издржување на на казна целосно ќе бидат осободени 286 лица, а 996 ќе бидат делумно амнестирани.
Но, посочи Лога, ова не се конечните бројки. Досегашните анализи се однесуваат само на лицата кои се во затворите, а уште 2 813 чекаат да влезат и за нив ќе се прават дополнителни анализи од Управата за извршување санкции кој ќе биде амнестиран.
ВМРО-ДПМНЕ најави блокада на Законот, Лога вели дека претходно немало забелешки
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера изјави дека опозицикста партија нема да го поддржи и со амандмани ќе го блокира предлог-законот за амнестија.
„Тој закон којшто е предложен, а од вчера и на јавноста достапен, е закон за амнестија на криминалци за кои одредени политички партии во минатото даваа ветување дека или ќе бидат ослободени целосно или делумно. За жал, тие политички партии или дел од тие политички партии денеска се од Владата и можете да видите дека таквиот закон не одговоара ама буквално ниту на потребите ниту на очекувањата на граѓаните и во име на тоа ВМРО-ДПМНЕ не само што нема да го поддржи овој закон за амнестија, туку и истиот, преку демократски алатки, ќе го блокира“,
рече Мицкоски.
Во врска со најавите за блокада, министерот за правда рече дека ВМРО-ДПМНЕ не може сама себе да се блокира затоа што во 2018 година партијата била дел од предлгачите на овој Закон. Тој рече дека се среќавал со четворица координатори на пратенички групи во Собранието и никој немал забелешки, а директно писмено се обратил и до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Сега е истиот закон, изземени се други дела. Знаев дека ВМРО-ДПМНЕ може да игра на ваква карта и затоа јас лично се обратив до Христијан Мицкоски“,
рече Лога на брифингот.
Дали ќе направи напори за повторна средба со пратениците од опозицијата кои најавија дека нема да го поддржат законот, Лога беше категоричен дека такво нешто нема да има.
„Или ќе го поддржат законот и ќе бидат дел од тие кои што сакаат да регулират дел од работите во државата, како што ги регулираат сите други работи за себе, или ќе се на спровината страна на оваа приказна. Многу е јасно – или ќе гласаат или нема да гласаат. Ако блокираат, нека биде на нивна чест. И јас ќе се борам до крај овој закон да помине. Исто така, ќе ги честам со албум со слики од затворот“,
рече Лога на брифингот.
Еден ден во затвор државата ја чини 1 000 денари, пробацискиот надзор 50 денари
Освен преку законот за амнестија на растоварување на затворите се работи и преку пробацијата, која, како што беше кажано на брифингот, функционира добро.
Деталите во врска со овој систем со кој осуденици издржуваат алтернативни казни надвор од затворот, ги кажа раководителката на оддлението за надзор на извршувањерто на пробациските работи при Управата за извршување санкции.
„Во моментов имаме 11 функционални канцеларии во кои работат 28 обучени пробациски службеници. Моментално бројот на активни пробациски предмети е 450, што е ‘втор по големина затвор’ после Идризово. Замислете уште тие кога би биле во затвор колку би се оптоварил затворскиот систем. Сметам дека преку почеста примена на пробацијата ќе се намали пртенатрупаноста на затворскиот систем“,
рече раководителката.
Пробацијата, посочи таа, е одржливо решение и економично решение за намалување на пренатрупаноста во затворите.
„За илустрација еден ден затвроска казна чини околу 1 000 денари, еден ден под надзор на пробациската служба чини околу 50 денари. Како клучна порака тука би сакала да ја испратам и до судиите и обвинителите да се изрекуваат повеќе алтернативни мерки“,
рече таа.
Во врска со новиот објект кој треба да се гради во Идризово, од Министерството за правда посочија дека тој требало да биде завршен уште во 2016 година, но е одложен и ќе почне да се реализира сега.
Неговиот капацитет треба да биде 900 места и да биде на површина од 15 000 квадратни метри, а очекувањата на Правда се тој да биде готов во 2028/2029 година.