Говорејќи за начинот на кој моментално се одредува терапијата за пациентите на Клиниката за онкологија, тој рече оти е многу задоволен што во јануари годинава било одлучено за дијагнозите и дозите на лекарства да одлучуваат раководителите на сите 12 оддели на Клиниката
Во врска со контролата што побарал да биде направена од страна Државниот здравствен и санитарен инспекторат на Клиниката за онкологија и радиотерапија, Меџити рече тоа било поради индициите што ги имале дека во минатото се случиле некои злоупотреби и дека сакале да се осигураат дека на Клиниката нема пропусти откако е тој министер. Министерот за здравство соопшти дека Инспекторатот извршил една контрола на Клиниката во периодот од 1 јанаури 2022 година до 31 октомври истата година и во согласност со нивните овластувања не нашле никакви пропусти. Сепак, на дополнително прашање, тој потврди дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат нема ингеренции во однос на лекарствата
Додека јавноста е во очекување на конкретни резултати од истрагата на Обвинителството за скандалот на Клиниката за онкологија во Скопје, министерот за здравство Фатмир Меџити денеска одговарајќи на прашања изјави дека сè уште не е одлучено дали во функција ќе биде вратен КАТО-системот, кој ја контролира употребата на лекови – цитостатици или ќе се оди на друг систем за оваа намена.

„Пред два месеци отприлика, можеби и повеќе, на моја иницијатива ги побарав претставниците на системот КАТО, пред да избие скандалот, да ми образложат зошто тој, како што знам од непотврдени информации, значи само усно кажани, дека бил кратко време во функција и требаше да ги анализираме сите состојби и да видиме зошто системот не е во функција. Тие ни облазожија дека станува збор за добар систем, дека следи во милилитри како се троши одредениот лек по дози, но не значи дека тој препознава лек, може да се стави и вода и тој систем да не препознае… Од претходниот директор (на Клиниката за онкологија н.з.) било кажано дека системот не бил исплатлив, дека чинеле многу некои кеси. Јас не знам за што се зборувало, затоа ние сакавме одблиску да бидеме известени што се случува. Знаете, ние наследивме тогаш еден буџет кој беше доста дефицитарен и цело време анализиравме и размислувавме дали тој систем повторно да биде во функција или ќе разгледаме некој друг систем и како тоа да се организира, но имаше и ребаланс на буџет и сега можеме да одлучиме. Досега сè уште не сме одлучиле“,
рече Меџити одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата по повод отворањето на Центарот за фетална медицина во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство.
Говорејќи за начинот на кој моментално се одредува терапијата за пациентите на Клиниката за онкологија, тој рече оти е многу задоволен што во јануари годинава било одлучено за дијагнозите и дозите на лекарствата да одлучуваат раководителите на сите 12 оддели на Клиниката.
„За сите тие дијагнози што се поставуваат во тек на таа недела одлучуваат сите тие раководители за да нема некој пропуст, да се потврдат дијагнозите и да се одреди точна доза на лекот и кој пациент кога и како ќе го прими, и потранспарентно и поодговорно од тоа мислам дека не може… Тука е минимална можноста да се згреши или да се направи некој пропуст, а дали може да се краде некој лек, тоа може од тие што се вработени секој да го направи, но за тоа ќе сноси одговорност согласно законите на нашата држава“,
изјави министерот за здравство.
Во врска со контролата што побарал да биде направена од страна на Државниот здравствен и санитарен инспекторат на Клиниката за онкологија и радиотерапија, Меџити рече тоа било поради индициите што ги имале дека во минатото се случиле некои злоупотреби и дека сакале да се осигураат дека на Клиниката нема пропусти откако е тој министер.
Тој соопшти дека Инспекторатот извршил една контрола на Клиниката во периодот од 1 јанаури 2022 година до 31 октомври истата година и во согласност со нивните овластувања не нашле никакви пропусти.
„Според нивниот извештај, што го донесоа кај мене во кабинет, нема некои пропусти тогаш според нив и според нивните овластувања. Тоа беше целта за да се види секојдневното работење на Клиниката“,
рече Меџити.
Сепак, на дополнително прашање, тој потврди дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат нема ингеренции во однос на лекарствата.
Меџити, и денеска повтори оти гарантира дека откако е тој министер за здравство, на Клиниката за онкологија нема пропусти, Тој повторно упати апел и до граѓаните и јавноста да не шпекулираат со информации во врска со овој сензитивен случај бидејќи, како што рече, со тоа може да бидат загрозени животи на пациенти.
„Ние во нашата држава, па и на Клиниката за онкологија имаме врвни стручни лица, добри лекари и затоа повикувам да не се шпекулира и да се остават органите на правдата, во овој случај Обвинителството, кое има некаков нов начин на работа, нели повикале и пациенти и фамилии на актуелни и починати пациенти со цел да се добие поцелосна слика и еднаш засекогаш целата здравствена и медицинска фела да не се става во еден кош, да престанат сите шпекулации и да се почитува зборот на лекарот, бидејќи знаете, за пациентите во одреден момент тоа е свет збор и треба да се почитува“,
рече Меџити.