Информацијата денеска ја пренесе директорот на Државниот инспекторат за животна средина Сретен Стојковски, кој рече дека пријавата до нив стигнала од Националниот парк „Маврово“

Мечка и две мечиња се најдени убиени во селото Жировница во Општина Маврово – Ростуше. Информацијата денеска ја пренесе директорот на Државниот инспекторат за животна средина Сретен Стојковски, кој рече дека пријавата до нив стигнала од Националниот парк „Маврово“.
„Денеска бевме запрепастени дека во селото Жировница се убиени мечка и две мечиња. По пријава на Националниот парк ’Маврово’, Државниот инспекторат за животна средина пристапи на самото место“,
рече Стојковски, кој го презентираше извештајот за работата на Инспекторатот за периодот од јануари до јуни годинава.
Мечките во земјава се заштитени уште од 1996 година, а според Законот за ловство од 2009 година нивниот лов е трајно забранет.
