Според најавите на УХМР, топлото време ќе се задржи до утре. Кон крајот на утрешниот ден, пак, облачноста ќе се зголеми, а преку ноќта и во вторник ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи
Денеска нè очекува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер, претежно од јужен правец. Во југоисточните делови од земјава попладне е можна краткотрајна нестабилност, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималните температури ќе се движат во интервал од 13 до 19 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 31 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и слаб југозападен ветер.
Максималната температура во главниот град денеска ќе достигне 38 степени.
Според најавите на УХМР, топлото време ќе се задржи до утре. Кон крајот на утрешниот ден, пак, облачноста ќе се зголеми, а преку ноќта и во вторник ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Се очекува и пад на дневните температури за неколку степени.
