„Се надевам дека граѓаните ја разбираат огромната можност која е пред нив и дека треба да ја искористат. Се надевам и дека ќе испратат сигнал до лидерите на Северна Македонија дека го сакаат тоа и дека го сакаат тоа брзо, дека го сакаат сега, за да можеме да почнеме да ја градиме таа структура за Северна Македонија да биде целосно и формално дел од секоја евроатлантска структура. Затоа што ние таму ве посакуваме“ – вели шефот за Западен Балкан во Стејт департментот
Не е работа на САД да одредат дали брзи избори се решение за актуелната состојба во Северна Македонија, туку на граѓаните – вели американскиот заменик-помошник државен секретар задолжен за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во интервјуто за „360 степени“ прашан за ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека избори се единствениот излез во моментов.
Кога вели дека тоа треба да го одредат граѓаните, Ескобар се дополнува и дава аргументи против брзи избори:
„Се надевам дека граѓаните ја разбираат огромната можност која е пред нив и дека треба да ја искористат. Се надевам и дека ќе испратат сигнал до лидерите на Северна Македонија дека го сакаат тоа и дека го сакаат тоа брзо, дека го сакаат сега, за да можеме да почнеме да ја градиме таа структура за Северна Македонија да биде целосно и формално дел од секоја евроатлантска структура. Затоа што ние таму ве посакуваме.“

Во разговорот тој вели дека верува во она што му го кажала новата бугарска министерка за надворешни работи Марија Габриел на неодамнешната средба во Дубровник.
„Таа ме увери дека ако Северна Македонија го исполни тоа што е предвидено во сегашниот договор, нема да има нови услови. Јас го сметам тоа за нејзина лична заложба и заложба во име на нејзината влада. И тоа е нашиот план. Мислам дека после ова тоа што ќе го одреди вашиот пристапен процес нема да бидат билатералните прашања, туку затворањето на поглавјата и зближување на вашата економија со најголемата економија во светот“,
порачува високиот американски дипломат.
Целото интервју со заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, е достапно на линкот подолу: