Според информациите од МВР, лице кое било со возило „ауди“ пукало кон 39-годишен скопјанец со иницијали Р. Т., но не го погодило. Во пукањето нема повредени
Како што може да се види од фотографиите што ги направи екипа на „360 степени“, вниманието на увидните екипи е насочено кон теренско возило со црна боја паркирано во гаражата
Полициски екипи вршат увид во паркинг-гаражите во трговскиот центар „Ист гејт“, каде што попладнево било пријавено пукање од огнено оружје.

Како што може да се види од фотографиите што ги направи екипа на „360 степени“, вниманието на увидните екипи е насочено кон теренско возило со црна боја паркирано во гаражата.
Во меѓувреме од Министерството за внатрешни работи соопштија повеќе информации за настанот.

Според информациите, лице кое било со возило „ауди“ пукало кон 39-годишен скопјанец со иницијали Р. Т., но не го погодило. Во пукањето нема повредени.
„На 25.08.2023 година околу 15.50 часот во СВР Скопје е добеина пријава дека во трговски центар во Скопје едно лице кое било со патничко возило „ауди“ пукало кон Р.Т. (39) од Скопје, но не го погодило. Во возилото, според пријавеното, имало уште едно лице. Повредени лица нема“,
информираат од Министерството за внатрешни работи.

За пукањето, како што додаваат оттаму, е известен јавен обвинител и се преземаат марки за расчистување на случајот.
Повикувајќи се на свои извори, „Фокус“ неофицијално пишува дека во гаражите било пукано кон лицето Раде Трајковски со прекар Штекли, кој се бараше со меѓународна потерница за издржување на казна затвор за тешки телесни повреди.
Тој лани во февруари беше екстрадиран од Србија во С Македонија, по што беше спроведен во Истражниот затвор „Скопје“. Тој се бараше за издржување на затворска казна од шест месеци.
