Сообраќајот за влез и излез од Охрид полицијата го пренасочува по локален пат и тој се одвива наизменично

Сообраќајот за излез и влез во Охрид вечерва е отежнат поради сообраќајна несреќа. Несреќата се случила на регионалниот пат Охрид – Кичево, кај Горенци.
Во сообраќајката најверојатно учествувале три возила.
Сообраќајот за влез и излез од Охрид полицијата го пренасочува по локален пат и тој се одвива наизменично.