Со добри односи помеѓу нас, никој нема да настрада – С Македонија е членка на НАТО, а и ние тука го имаме НАТО, ова покажува дека нашите односи се одлични, вели косовскиот премиер Курти за реакциите по неговата посета на Скопје и Тетово во петокот, каде што не беа испочитувани македонското знаме и химна и на кои се вееше знамето на „голема Албанија”
Присуствував во С Македонија на покана на граоначалниците на Чаир и на Тетово и можам да кажам дека средбите во Скопје и во Тетово беа одлични за нас бидејќи овие средби не се одржуваа како собири против никого, кажа премиерот на Косово, Албин Курти, на денешната презентација на проектот за пат кој би ги поврзал Призрен и Тетово.
„Сметам дека Република Северна Македонија е земја, партнер, сојузник и пријател со заеднички интегративни цели во Европската Унија. И тие се членка на НАТО, а ние тука го имаме НАТО. Тоа покажува дедка нашите односи се одлични”,
изјави Курти.
Курти не сакаше да ги коментира изјавите на кабинетот на претседателот Пендаровски, кој побара организаторите на јавните собири во Тетово и во Чаир да бидат законски санкционирани за кршењето на законските одредби во однос на употребата на државното знаме и химна и знамињата и симболите на заедниците, со целосно игнорирање на симболите на државата.
Иако Курти не сакаше да коментира, претседателот Пендаровски за неговите изјави во кои побара одговорност денеска беше обвинет за албанофобија од политичката партија Алтернатива.
Премиерот на Косово, Албин Курти, кој во петокот беше во неофицијална посета на земјава, пред да замине во Тетово, присуствуваше на преименувањето на улицата „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“ во Општина Чаир.