Вчера во Скопје без никакви македонски обележја и со голема помпезност и во присуство на премиер од друга држава, беше преименета улицата „Втора македонска ударна бригада“ во име на косовски борец Адем Демачи, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека Демачи нема никаква допирна точка со македонската историја

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат за вчерашното преименување на улицата „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“ во Општина Чаир. Велат дека Демачи нема никаква поврзаност со македонската историја.
„Вчера во Скопје без никакви македонски обележја и со голема помпезност и во присуство на премиер од друга држава, беше преименета улицата ‘Втора Македонска ударна бригада’ во име на косовски борец Адем Демачи. Улицата го добива името на Демачи, кој нема никакви допирни точки ниту со историјата на Македонија, ниту пак со Скопје, туку имал националистички идеали поврзани со други држави“
велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ДУИ и СДСМ сложно и едногласно ги смениле имињата на улиците во 2021 година во Советот на Град Скопје.
„Без никаква дебата, без консултација на граѓаните пред 2 години во советот на градот Скопје насилнички беа преименети скоро 500 улици и мостови и други објекти во главниот град. Дали неспособните од власта на СДС знаат чив главен град е Скопје, дали на Македонија или на некоја друга држава?… Оттука прашуваме дали советниците на СДС знаеле што гласаат во 2021 година во Советот? Колку други спорни имиња на улици, мостови и булевари има во изгласаните измени на имиња на улици, мостови и булевари?“,
прашуваат од СДСМ.
Од партијата обвинија дека, како што потенцираат, „пиуните од СДСМ ќе останат запаметени како најголеми уништувачи на македонската историја и одбележувањето на историските личности и настани на Македонија.
Инаку, премиерот на Косово, Албин Курти, кој вчера беше во неофицијална посета на земјава, присуствуваше на преименувањето на улицата „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“ во Општина Чаир.
Во своето обраќање пред насобраните чаирчани, Курти рече дека пред пред две недели е одбележана петгодишнината од смртта на Демачи и оцени дека е од особено значење тоа што Демачи ќе има своја улица во Северна Македонија. Курти потсети дека Адем Демачи поради своите заложби и дејност во поранешна Југославија бил осуден вкупно на 28 години затвор, но дека сепак „останал нескротлив симбол за слободата на Албанците во Југославија“.