Според турскиот министер за здравство Фахретин Коџа најголем дел од лицата се здобиле со повреди при пад или скок од голема височина. Гувернерот на Малатија, Ариф Јилмаз, изјавил дека, според привичните информации, во потресот била урната напуштена зграда, а приватната телевизија НТВ објави дека се видливи оштетувања на зградите како последица на земјотресот
Најмалку 23 лица се повредени во земјтресот со јачина од 5,2 степени по Рихтеровата скала што вчеравечер ја погоди Jужна Турција, јавуваат медиумите.

Силниот земјотрес што се случи вчера околу 20 часот го стресе јужниот дел на земјата, шест месеци по двата разорни земјотреси кои го погодија регионот и во кои загинаа десетици илјади лица.
Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа изјави дека повеќето од повредите се предизвикани од пад или скок од голема височина, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).
Гувернерот на Малатија, Ариф Јилмаз, за новинската агенција Анадолу изјавил дека тимовите за управување со катастрофи и вонредни состојби се на терен.
Тој додал дека според привичните информации во земјоресот била урната напуштена зграда.
Приватната телевизија НТВ објави дека се видливи оштетувања на зградите како последица на земјотресот.
Епицентарот на потресот бил во општината Јешиљурт во провинцијата Малатија. Провинцијата беше меѓу тешко погодените во земјотресот што се случи на 6 февруари. Градоначалникот на истиомениот град во провинцијата, Селахатин Гуркан соопшти дека тогаш во Маталија загинале околу 2 300 луѓе.
Во двата големи земјотреси кои на почетокот на февруари што ги потресоа југоисточниот дел на Турција и Северна Сирија загинаа над 50 000 луѓе.