Во неодамнешните анкети на јавното мислење, на популистичките националисти им се припишуваат приближно 33 отсто од гласовите, пред главната опозициска формација на центристичката партија, Граѓанската платформа (ПО), која ужива поддршка од 26 до 32 отсто од гласачите
Парламентарните избори во Полска, земја со која осум години владее популистичката националистичка партија Право и правда (ПиС), ќе се одржат на 15 октомври во согласност со уставните рокови, објави денеска полскиот претседател.
„Одлучив овие избори да се одржат на 15 октомври 2023 година“,
напиша Анджеј Дуда на Икс (Твитер).
Полјаците ќе излезат на гласање за 460 пратеници и 100 сенатори. Според анкетите, ПиС е во позиција да победи на изборите по трет пат по ред, без да го има потребното мнозинство за самостојно владеење.
Во неодамнешните анкети на јавното мислење, на популистичките националисти им се припишуваат приближно 33 отсто од гласовите, пред главната опозициска формација на центристичката партија, Граѓанската платформа (ПО), која ужива поддршка од 26 до 32 отсто од гласачите.
Екстремно десничарската националистичко-слободна партија и антиевропска Конфедерација е трета со околу 12 отсто од гласовите. Коалицијата на селската партија ПСЛ и централнодесничарската партија Полска 2050, како и левицата, би добиле меѓу 10 и 11 отсто од гласовите, покажуваат резултатите на различни анкети спроведени на крајот на јули.
Фото: EPA-EFE/Pawel Supernak