„Со големо жалење ја следиме состојбата во Словенија која ја погоди големо невреме и поплави. Не можеме да го гледаме ова, а да не понудиме помош. Заедно сме посилни“, напиша на Фејсбук министерката за одбрана Славјанка Петровска
Подаваме рака на пријателска Словенија. Подготвени сме да помогнеме во справувањето со последиците од ова невреме и да покажеме дека вистински пријатели се познаваат во тешки моменти, напиша денеска на својот фејсбук-профил министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Таа посочи дека со големо жалење ја следи состојбата во Словенија, која ја погодија големо невреме и поплави.
„Со големо жалење ја следиме состојбата во Словенија која ја погоди големо невреме и поплави. Не можеме да го гледаме ова, а да не понудиме помош. Заедно сме посилни“,
напиша министерката на Фејсбук.
Инаку, силно невреме ја зафати Словенија во текот на ноќта, што предизвика големи поплави, излевање на реки и блокирање на сообраќајот во делови од земјата. Локалните медиуми пренесуваат дека се евакуирани цели села, а евидентитрани се илјадници несреќи.