Наскоро во гаснењето ќе се вклучат авион на ДЗР и полициски хеликоптер
Два големи пожари во моментов се активни во земјава.
Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), едниот е во Велешко над селото Отовица и зафатил зимзелена шума, додека другиот е во Скопско помеѓу селата Бучинци, Миладиновци и Групчино.
Од ЦУК најавуваат дека наскоро во гаснењето ќе се вклучат авион „ертрактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи (МВР).