„Честит национален празник на Северна Македонија! Заедно го чуваме сеќавањето за подвигот на борците за слобода и рамноправност. Заедно гледаме кон заедничката иднина – Европската Унија“, пишува бугарското МНР во објавата на Твитер
Целта и саможртвата на хероите од Илинденско-преображенското востание (како што го нарекуваат Бугарите н.з.) е еден од мостовите низ времето што ги поврзува двете држави и нивните граѓани, вели бугарскиот претседател во честитката до својот македонски колега Стево Пендаровски. Претседателот на Бугарија, како што пренесе МИА, ја изразува поддршката на Бугарија за напорите на Северна Македонија за целосно спроведување на критериумите за членство, како и за сите преземени обврски и постигнати договори на патот на земјата кон Европската Унија
Министерството за надворешни работи на Бугарија преку својот официјален твитер-профил упати честитка на Северна Македонија по повод празникот Илинден, односно 2 Август – Денот на Републиката.
„Честит национален празник на Северна Македонија! Заедно го чуваме сеќавањето за подвигот на борците за слобода и рамноправност. Заедно гледаме кон заедничката иднина – Европската Унија“, пишува бугарското МНР во објавата на Твитер.
Честит Национален празник на ??! Заедно пазим паметта за подвига на борците за свобода и равноправие. Заедно гледаме към общото бъдеще ?? @MFA_MKD
— MFA Bulgaria (@MFABulgaria) August 2, 2023
Честитка по повод празникот до својот македонски колега Стево Пендаровски упати и претседателот на Бугарија, Румен Радев, соопштија од неговата прес-служба, пренесе МИА.
Шефот на бугарската држава во честитката наведува дека годинава се одбележуваат 120 години од Илинденско-преображенското востание (како што го нарекуваат Бугарите н.з.), за кое вели е „голем и значаен настан од заедничкото историско и културно минато на Бугарија и Северна Македонија.
Целта и саможртвата на хероите од Илинденско-преображенското востание, вели Радев, е еден од мостовите низ времето што ги поврзува двете држави и нивните граѓани.
„Одразот на идеалите за слобода, еднаквост и братство на нашите предци денеска го препознаваме во основните права на Европската Унија, кон кои искрено посакуваме да се приклучите“,
посочува Румен Радев во честитката.

Претседателот на Бугарија, како што пренесува МИА, ја изразува поддршката на Бугарија за напорите на Северна Македонија за целосно спроведување на критериумите за членство, како и за сите преземени обврски и постигнати договори на патот на земјата кон Европската Унија.
Радев во честитката посочува и дека контактите меѓу народите на двете земји се важен начин за градење искрени добрососедски односи. Бугарскиот претседател наведува дека постигнатите договори меѓу Бугарија и Република Северна Македонија за заедничко одбележување на настаните за „нашата заедничка историја даваат одлична можност за зближување“.
„Убеден сум дека заедно можеме и мораме да ги решиме отворените прашања во билатералните односи, што се очекува од нашите граѓани и е во име на нашата заедничка иднина во Обединета Европа“,
истакнува шефот на бугарската држава во честитката.