Со положување венци свежо цвеќе и поклон пред вечното почивалиште на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев – Македониумот и на Споменикот на Слива – „На хероите на Слива“ утрово почна чествувањето на 120-годишнината од Илинденското востание во илинденско Крушево.

Бројни делегации се поклонија и пред Споменикот на Слива „На хероите на Слива“.
Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија ја предводи претседателот на Законодавниот дом, Талат Џафери, а од име на Владата цвеќе положија министрите за труд и социјална политика и за земјоделство, Јованка Тренчевска и Љупчо Николовски.
Делегацијата на Армијата на Република Северна Македонија и Генералштабот, ја предводеше бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски, а венци свежо цвеќе положи и се поклони пред спомениците и градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.
Во рамките на одбележувањето на 120-годишнината од Илинденското востание беше одржана панихида во црквата „Свети Никола“.
Во 11:30 часот, според програмата, треба да почне Големиот народен собор на Мачкин Камен, на кој обраќање ќе има претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Во продолжение погледнете ги фотографиите од положувањето на венците свежо цвеќе во Крушево.








