Секторот за санитарна контрола минатата недела, односно во периодот од 24 јули до 28 јули зел 190 примероци за физичко-хемиска и 190 примероци за микробилошка анализа на вода за пиење од мерни места во градот Скопје. Согласно резулатите од испитувањата, сите примероци одговораат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење
Скопје има безбедна и квалитетна вода за пиење, се наведува во неделниот извештај на Секторот за санитарна хигиена што денеска го објави Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Како што информираат од јавното претпријатие, извештајот за квалитетот и безбедноста на водата за пиење во Скопје е добиен од анализите спроведени од Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.
Секторот за санитарна контрола минатата недела, односно во периодот од 24 јули до 28 јули зел 190 примероци за физичко-хемиска и 190 примероци за микробилошка анализа на вода за пиење од мерни места во градот Скопје.
„Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење („Службен весник на РМ“, бр.183/18)“,
се наведува во соопштението од ЈП „Водовод и канализација“.