Затвореникот бил фатен на булевар во Штип и кај него бил пронајден пиштол „шкорпион“ и 21 куршум

Затвореник од Кочани (51) викендов во Штип е фатен како се шета со автоматски пиштол и куршуми.
Тој е осуден на 18 години затвор и казната ја издржува во затворот во Куманово, а викендов користел отсуство.
„На булевар ’Гоце Делчев‘ во Штип приведен е В.И. (51) од Кочани бидејќи кај него биле пронајдени автоматски пиштол ’шкорпион‘ и 21 куршуми калибар 7.65 мм. Лицето во моментот издржува казна затвор во траење од вкупно 18 години во КПУ Куманово, а користел викенд-отсуство“,
соопштија од МВР.

За случајот е известен јавен обвинител, а СВР Штип, според најавите, ќе му поднесе кривична пријава за недозволено изработување, држење и тргување со оружје.