„Дали Груби го искористил своето влијание за милионскиот тендер, дали барал градежната компанија која го добила тендерот да му го продаде хотелот на Попова Шапка по багателна цена на компанијата на својот пријател и, на крајот, дали за ваквиот бизнис Груби бил честен луксузно возило“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Изгореното „Ауди“ во дворот на Артан Груби отвори сомнежи за тежок криминал, злоупотреба на службена должност и трговија со влијание. Всушност еден криминален чин на виделина извади друг. Но Јавното обвинителство молчи како да има дадено омерта, колку и да звучи тоа парадоксално, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Имено, аудито кое е запалено го поседувала компанија на близок пријател на Артан Груби. Оваа компанија по багателна сума од 55 000 евра купува хотел на Попова Шапка од градежна компанија која во меѓувреме добива милионски тендер од владата во која Артан Груби е вицепремиер. Како круна на сè, Артан Груби добива право на користење на аудито осум дена откако фирмата која му го дава хотелот на Шапка по багателна цена. И зарем во ова нема ништо сомнително за обвинителството?!“,
прашуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат кој така дава вакво луксузно возило на користење, ако се има предвид дека го купил 80 000 евра?
„Дали Груби го искористил своето влијание за милионскиот тендер, дали барал градежната компанија која го добила тендерот да му го продаде хотелот на Попова Шапка по багателна цена на компанијата на својот пријател и на крајот дали за ваквиот бизнис Груби бил честен луксузно возило?“,
прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата констатираат дека Груби не дава одговор на овие прашања, но и дека Јавното обвинителство по службена должност е повикано сето ова да го испита.
„Овде смрди на матна зделка која, ако не сега, во иднина ослободените правосудни институции ќе ја проверат“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
