Од Град Скопје порачуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите

Град Скопје соопшти дека на 27 и на 28 јули (четврток и петок), во раните утрински часови, ќе се реализира четвртата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на главниот град.
Оттаму порачуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини“,
соопштија од Град Скопје.