Наместо да донесе уредба за откажување на матурата, СДСМ удри врз просветните работници со тоа што ја ограничи исплатата на додатоци и надоместоци на плата на администрацијата, а со тоа и во образованието, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во време кога се одвива настава за која секој наставник, секое училиште се оставени сами на себе да се снаоѓаат како умеат, во време кога во вонредни услови, без, од почеток никаква поддршка од Министерството и Владата, самостојно се организираа разни форми на интернет-комуникација на наставниците со учениците и нивните родители, за да може да тече образовниот процес, во услови кога и денес се уште се прави притисок врз наставниците со секојдневни нереални дописи и закани со државниот просветен инспекторат – СДСМ во образованието, на наставниците им ги крати стажот, надоместокот за класните раководители, им крати за менторството и за тешките услови“,
рече Милка Тримчевска од ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, наместо таква уредба, Владата треба да се занимава со носење Уредба со која ќе се откаже помагањето на матурата во вакви вонредни услови.