Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) известува дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничниот премин „Богородица“ времето на чекање е околу 40 минути.
Како што соопшти АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.